Првообвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо денеска ќе биде донесен во Македонија.
Според првичните информации тој треба да пристигне на скопскиот аеродром вечерва, со цивилен авион и во придружба на турски полициски службеници.
Официјална потврда од МВР засега нема, но според првичните информации на скопскиот аеродром Палевски треба да биде „пречекан“ од припадници на САЕ „Тигар“.