Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, својот глас, во изборот за тренер на годината, сепак му го доделил на Жозе Мурињо, ова со соопштение го потврдија од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Од таму потврдуваат дека Пандев, кога прашалникот на ФИФА стигнал до нив, бил контактиран, а тој пет поени во изборот му доделил на својот поранешен тренер Жозе Мурињо . „При пополнувањето на прашалникот поради техничка грешка, без било каква намера да се злоупотреби изборот на Пандев, беше обележано името на Винсенте Дел Боске. Следниот ден прашалникот беше испратен до ФИФА. Станува збор за техничка грешка. Јасно е дека Горан Пандев својот глас го дава за Жозе Мурињо“ стои во дел од соопштението на ФФМ, од каде изразуваат надеж дека оваа грешка не влијаела премногу врз изборот на ФИФА за тренер на годината. „Ја користиме оваа прилика да упатиме извинување до ФИФА, Жозе Мурињо и до нашиот капитен Горан Пандев за непријатноста на која беа изложени. Се надеваме дека последиците не се од големи размери и немаат големо влијание во изборот за најдобар тренер”, стои во соопштението на ФФМ.
Макфакс
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, својот глас, во изборот за т