Пандемијата го зголеми бројот на бездомници во Скопје

Ако во 2019 година 100 лица спиеле низ скопските улици, од март лани таа бројка се зголемила за 50 проценти. Драгана Лазаревска од Црвениот крст на град Скопје вели дека причината поради која се повеќе луѓе завршуваат без покрив над главата е токму пандемијата. Таа стравува и дека неофицијалните бројки се многу поголеми.
Дополнителен проблем е што поради корона кризата во комбинација со поларните температури во пунктовите за бедзомници станува тесно. Во Момин поток капацитетите се исполнети, вели Лазаревска. Поради тоа бездомниците ги засолнуваат и на други места.
Таа упати и апел до граѓаните, доколку забележат бездомник да се обратат во Црвениот крст на Град Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.