Музејот Лувр во Париз напладне беше затворен „од безбедносни причини“. Франција е во состојба на готовност еден ден по нападот на исламистите во Арас.
Познатиот париски музеј денеска напладне е евакуиран и ќе остане затворен до крајот на денот поради страв од напад, пишува француски Фигаро.
„Лувр доби писмена порака со предупредување за ризикот за музејот и неговите посетители. Решивме да го евакуираме и да го затвориме за тој ден, додека ги вршиме потребните проверки“, изјави портпаролот на музејот на Твитер.
- Урсула фон дер Лајен утре доаѓа во Скопје
- Путин предложи формирање на „берза за жито“ и специјална платформа на БРИКС за дијаманти
- (Видео) Левица со шокантнa снимка од Сиљановска – Еве што говореше во кампања за криминалците од групата „Барон“
- Сестрата на Ким Џонг-ун: Украинците и Јужнокорејците се лудаци, ризикуваат уништување
- Минималната плата во Бугарија од јануари ќе биде 1077 лева или 32.310 денари
- „Галуп“: Северна Македонија на четврто место во свет во 2023 година според најголема недоверба во изборите
- Помилуваниот шеф на нарко-кланот Барон јавно ѝ се заблагодари на Сиљановска: Горд сум што сте наша претседателка
- Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
- Вака ќе изгледаат автомобилите на BMW во иднина
Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин вчера изјави дека Франција ја подигнала безбедносната тревога на највисоко ниво бидејќи „без сомнение“ постои врска меѓу нападот со нож во Арас и ситуацијата на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас.
Медиумите претходно објавија дека напаѓачот, кој уби едно лице и рани неколку други во гимназијата во градот Арас, пред инцидентот извикувал „Алаху Акбар“, но полицијата се уште не го потврдила тоа. Како што соопштија од полицијата, напаѓачот е по потекло од Чеченија и бил во полициската евиденција.
Претседателот на Франција Емануел Макрон нападот го оцени како акт на варварски исламистички тероризам и додаде дека во текот на денот бил спречен сличен напад во друго училиште во Франција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.