Во англиската област Камбрија избувна голем пожар во бродоградилиште каде се градат нуклеарни подморници.Скај њуз објави дека на социјалните мрежи се појавиле видеа и фотографии од пламен и чад што се издига над бродоградилиштето BAE Systems во Бароу-ин-Фернес.#UPDATE: Two people taken to hospital after fire at nuclear submarine shipyard in Cumbria, northern england 🏴 https://t.co/Wr2LEnaHMl pic.twitter.com/knwWZVcGt6— Breaking news 24/7 (@Breaking7Newss) October 30, 2024Се наведува дека две лица се хоспитализирани, но полицијата во Камбрија соопшти дека нема жртви во пожарот што избувна синоќа околу половина час по полноќ.Полицијата соопшти дека истрагата за инцидентот е во тек и дека од бродоградилиштето „Девоншир Док Хол“ се евакуирани лица и дека нема нуклеарна закана.Сепак, полицијата ги советуваше луѓето што живеат во близина на бродоградилиштето „да останат внатре додека спасувачките тимови се справуваат со инцидентот и да ги држат затворени вратите и прозорците“.Британската телевизија потсетува дека компанијата „BAE Systems“ е една од најголемите во светот во секторот на воената индустрија.Оваа компанија произведува широк спектар на оружје и воена технологија, вклучувајќи нуклеарни подморници, борбени авиони, тенкови и борбени бродови, како и огнено оружје и муниција.
Пронајдете не на следниве мрежи: