Панче Жежовски имал спор со Велибор Манев – Еве што вели неговата ќерка

На денешното судење во кривичниот суд во Скопје, за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред судот сведочеше ќерката на Панче, Ана Киркова.

Судија – во каков однос сте со обвинетите, судени, скарани?

Ана Киркова – Не ги познавам. – дава заклетва

Обвинител – вие сте ќерка на починатиот, колку деца имаше Панче?

Ана Киркова – Три, јас и две сестри

Обвинител – како дознавте дека го нема Панче?

Ана Киркова – Утрово, околу 10, ми ѕвонеше негова компшика и пријателка и ми кажа ѕвонам, го барам, не се јавува, прашав од кога го бара, таа кажа од средата веќе активно му ѕвонам може 40 пати човекот не се јавува, јас мислев дека не сака да се јави, ма да татко ми немаше човек да не сака нешто да контактира, беше чесен, праведен, не должеше никому. Почнав јас да ѕвонам мисјеќи дека мене ќе ми дигне, повотрно не се јави, мислев си работи низ двор, отишол некаде… Потоа, јас повторно ѕвонев, не се јавуваше, околу 16 часот го напуштив работното место, отидовме со сопругот дома, се преиспитавме што може да се случи, не се сеќавам дали отидовме во куќата. Околу 18.40 веќе ме фати паника зошто не се јавува, отидовме во станица, кажав дека татко ми од средата не се јавува. Луѓето веднаш, Панче во Велес сите го познаваа, но за жал никој не го видел и ние не го видовме, го видовме тоа што видовме.

Обвинител – вие пријавивте дека го нема?

Ана Киркова – Да

Обвинител – каде живееше Панче?

Ана Киркова – На 15 минути од градот

Обвинител – како контактиравте?

Ана Киркова – Татко ми не сакеш многу да му се обрнува внимание, ако се видевме еднаш неделно, не оставаше да си живееме ние, викаше не сум јас старец, оди си дома, гледај си ги децата.

Обвинител – вие пријавивте дека е исчезнат?

Ана Киркова – Ние пријавивме дека го нема, да не му се слошило, ама тој беше здрав човек.

Обвинител – дали ви е познато дека Панче имал комуникација со некој од обвинетите?

Ана Киркова – Со Велибор Манев, во 2007 година го изнајми да работи на куќата, јас реков не мора да се труди, но тој рече имам добар пријател, Велибор, каменорезец.

Обвинител – вие отидовте во куќата на Панче откако дознавте дека го нема?

Ана Киркова – Да, сопругот отиде, му реков оди дома, тато не се јавува на телефон, види што се случува. Тој отиде дома и кажа татко ти е изгледа испаднат на кратко, колата ја нема, греалката работи и ламбата свети и мислевме дека ќе се вати.

Обвинител – имаше ли некакви долгови Панче?

Ана Киркова – Татко ми не должел никому ништо, живееше од пензија, знам дека настанал некој спор, но се решаваше судски, тој секогаш одеше преку институции?

Судија: Спор со кого, објаснете

Ана Киркова – Спор со Велобор Манев, тој бил незадоволен, одамна беше не можам да се присетам што се случуваше.

Обвинител – возилото кога беше купено, какво возило?

Ана Киркова – Стара кола, купена од негов пријател, со голем гепек.

Обвинител – Вие извршивте препознавање на Панче?

Ана Киркова – Татко ми беше фрлен во вреќа,сопругот го идентификуваше, јас не можев, кажав дека не можам да гледам.

Обвинител – се приклучувате кон прогонот на обвинетите, барате оштетување?

Ана Киркова – ДА.

Љупчо Палевски – Дали ви спомнал дека имал било каков контакт со мене?

– Не знам со кого контактирал, не сте ми познати, никогаш не сум ве слушнала.

Љупчо Палевски – дали списите на комуникација со Совет на јавни обвинители вие ги доставивте на полицијата или полицијата ги принајде. Говорам за списи во кои децидно жртвата Панче Жежовски се жали на еден од обвинетите, до 2022 година трае комуникацијата со Совет на јавни обвинители, дали ви е позната таа документација?

Судија – не се дозволува прашањето

Судот – вашиот татко го изнајмил Велибор Манев, што точно?

Ана Киркова – Да работи на куќата, фасада, камења, не знам дали целиот дел, камења и поплочување со бекаток оти и татко ми си работеше.

Судот – за што настана подоцна спорот со Велибор Манев, му остана должен нешто?

Ана Киркова – Околу бекатонот, најветројатно не бил задоволен татко ми.

Судот – имаше судски спорови каде вашиот татко е тужител?

Ана Киркова – Мислам дека тој тужеше, но не знам тој никогаш не сакаше да не вовлекува во проблемите негови.

Пронајдете не на следниве мрежи: