По средбата со државниот врв и дипломатскиот кор во “Вила Водно“ претпладнево папата Франциск пристигна во Спомен куќата на Мајка Тереза. Со наведната глава папата се помоли пред споменикот на Мајка Тереза и положи цвеќе. Тој е придружуван од четири чесни сестри кои му припаѓаат на редот што го основа Мајка Тереза.
Папата во спомен куќата на Мајка Тереза, ќе има средба со претставници на верските заедници во земјава и со група граѓани од ранливите категории. Потоа поглаварот на Римокатоличката црква ќе се упати на плоштадот “Македонија“ каде ќе отслужи миса на која се очекува да присуствуваат голем број граѓани од нашава и од околните земји од регионот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.