Папата Франциско: Предупредување за човештвото!

И покрај здравствените проблеми и фактот што од мај е принуден да користи инвалидска количка, папата Франциско овој Божиќ упати порака за мир во светот, за враќање на вредностите на Божиќ, вистинска вера во Бога, скромност и добро меѓу луѓето.

И покрај тоа што неговиот ,,плач” не го слушаат многумина, поглаварот на Римокатоличката црква не се откажува од својата мисија на планетата која не оди во вистинската насока, упорно и жестоко ги осудува војната и злото меѓу луѓето во сите делови на светот.

Иако тој не ја спомна Украина во своето обраќање во пресрет на Божиќ, многумина неговите пораки ги сфатија како уште една осуда на агресијата врз земјата со десетици илјади жртви, милиони бегалци и милиони кои страдаат оваа зима.

,,Алчноста за богатство и моќ, луѓето во светот ги ,,јадат” своите соседи и браќа” – рече папата Фрањо.

Тој предупреди дека поради алчноста и консумеризмот, луѓето забораваат на важноста на Божиќ и дека украсите и подароците ги потиснуваат неговите вредности, потсетувајќи дека жртвите на човечката алчност се секогаш слаби и ранливи и ги повикува луѓето во светот да се сеќаваат на оние кои страдаат од војни и сиромаштија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.