Папата Франциск: Луѓето не треба да фрлаат храна во Рим кога многу луѓе гладуваат

Папата Франциск денеска на римскиот бискупски собир за нееднаквоста рече дека луѓето не треба да фрлаат храна во главниот град на Италија кога многу луѓе гладуваат.

– Како да прифатиме во нашиот град да се фрлаат тони храна, а во исто време да има семејства кои немаат што да јадат, праша тој, пренесе Анса.

Папата истакна дека тоа го гледа дури и во ресторан во близина на Ватикан и додаде дека има илјадници празни места, додека илјадници луѓе спијат на тротоар.

Пронајдете не на следниве мрежи: