Пред десетина дена спортската јавност во државата се забавуваше со јавното препукување помеѓу првиот човек на МОК, Даниел Димевски и предводникот на АМС, Наумче Мојсовски, поранешните блиски соработници и луѓе директно инволвирани во актуелната владеачка структура и тоа откако ракометната легенда беше обвинет за корупција поврзана со спортските ваучери од Државната комисија за спречување корупција.
Тоа како еднај да го дочека Димевски, советник на поранешниот премиер Зоран Заев, кој со рафална стрелба удри по Агенцијата за млади и спорт и нејзиниот лидер, кој набрзо потоа одговори на нападот, по што следуваше уште еден удар од Македонскиот олимписки комитет. Ретко кој можеше да сфати зошто воопшто дојде до ваква војна, но денешното објавување на износите на ваучерите за оваа година дава барем делумно објаснување.