Продолжува зимскиот егзодус на фудбалери од таборот на Вардар, кој остана без неколкумина стандардни првотимци поради финансиските проблеми во кои се најде најтрофејниот македонски колектив, откако денеска црвено-црниот дрес официјално го раздолжи и 20-годишниот Ерен Парталко.
Станува збор за напаѓач кој во иднина ќе настапува за битолска Пелистер, каде што беше официјално претставен. Тој две ипол години беше дел од вардарци, а претходно играше и за младинскиот состав на Академија Пандев.
Пелистер со овој трансфер покажува амбиции да го засили тимот со цел да се вмеша во борбата за највисок пласман во Втората лига, а со тоа и за промоција во фудбалската елита.