ПАРТИЗАНИ ОТРУЛЕ ГРУПА РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО МАРИУПОЛ? Загинаа 2 офицери, уште 17 се борат за живот, им ставиле ЦИЈАНИД во храната

Двајца руски офицери, наводно, загинале откако биле отруени од украински партизани во Маријупол.

ПАРТИЗАНИ ОТРУЛЕ ГРУПА РУСКИ ВОЈНИЦИ ВО МАРИУПОЛ? Загинаа 2 офицери, уште 17 се борат за живот, им ставиле ЦИЈАНИД во храната

Петро Андриушченко, советник на градоначалникот на градот, на својот канал Телеграм објави дека група офицери и војници биле отруени од членовите на таканареченото движење на отпорот Мариупол, пренесува The new voice of Ukraine.

– Неколку руски офицери масовно се отруени на настан за прослава на Денот на руската морнарица во воената база во тој град – тврди Андриушченко.

Наводно, 17 руски војници биле пренесени во болница во тешка состојба.

  • Окупаторите се сомневаат во употреба на цијанид и пестициди во храната. Отровот секогаш е доволен за стаорци – вели Андриушченко.

Националниот центар за отпор неодамна објави дека украински партизани извршиле саботажа и во Мариупол. Герилите, наводно, уништиле три воени камиони и оштетиле воена инженерска зграда, што го оневозможило производството на таканаречените змејски заби, кои се користат како пречка за тенковите.

Засега Москва нема официјално соопштение во врска со наводното масовно труење во Маријупол.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.