Активирањето на авионскиот режим е дел од рутините за оние кои патуваат, а во случај да заборавите да го вклучите, може да се соочите и со последици.
Зависно од типот на летот, доколку не го вклучите авионскиот режим, може и тоа како да добиете висока сметка, бидејќи штом авионот ја напушти вашата земја, тој автоматски се поврзува на авионските антени.
Патникот кој летал со компанијата „Aer Lingus“, неодамна на потешкиот начин дознал кои се последиците, кога му пристигнала сметка од 300 долари од страна на провајдерот „AT&T“, бидејќи заборавил да го вклучи авионскиот режим.
Како што наведува операторот, високата сметка била оправдана бидејќи „антените се инсталирани на авионот, за да има сигурен сигнал во секое време“.
Резултатот од ова е сметка од 300 долари, за дури недопрен уред.
„Од безбедносни причини, пред секое лето, вработените во ‘Aer Lingus’ ги советуваат патниците да го вклучат авионскиот режим“, рекле тие.
Во случај на вонредна состојба, патниците секогаш можат да користат Wi-Fi во авионот, доколку платат за таа услуга