Патот до Беровско езеро прооден, се работи на расчистување на патот Берово-Струмица

Патот до Беровско езеро е прооден и исчистен од екипи на Територијалната противпожарна единица од Берово и од ЈП „Македонија пат“, информираа од Општина Берово, откако снежните врнежи ,,парализираа” дел од патните правци во Малешевијата.

Оттаму додаваат дека до туристичката населба Абланица е проооден пола пат, а тим на „Македонија пат„ се уште работи на отстранување на паднатите дрвја на патниот правец Берово-Струмица.

Силен земјотрес утринава ги стресе скопјани
Земјотрес со јачина до 3.8 степени според европската сеизмичка скала рано изутринава во 02.02 часот го погоди Скопје. Според Европската сеизмичка опсерваторија, земјотресот бил со епицентар во близина на нас.Илинден на длабочина од 20 …
Серија земјотреси го погодија денеска грчкиот полуостров Халкидики – најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала
Серија земјотреси денеска го погодија полуостровот Халкидики во Грција, од кои најсилниот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на тој земјотрес бил на 19 километри од Неа Рода, покажуваат податоците на веб-страницата специјализирана …

-Апелираме или поточно препорачуваме возачите да ги одложат предвидените движења на овој патен правец, истакнаа од Општина Берово.

Слична е состојбата и до Беровско Езеро каде, според информациите на локалната самоуправа, патот е чист до ВИП хотелот.

Напоменаа дека дежурни екипи ќе останат на терен до целосно нормализирање на состојбата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.