Кога нашата позната планинарка Илина Арсова се качува по карпи, нејзиниот партнер Игор Џамбазов вели дека не може да ја гледа. Страв му е вели, не за неа, туку за него.
Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани. Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди. Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат, раскажува Џамбазов кај Жарко Димитриоски во „Еден на Еден“.