Паѓа ли швајцарскиот франк?

Федерацијата на швајцарската индустрија за часовници (FH) побара од централната банка на земјата да го ослабне курсот на швајцарскиот франк и со тоа да ја поттикне продажбата на часовници во странство.Швајцарските компании во индустријата за часовници забележуваат дека инфлацијата во земјата паднала под два отсто и дека сега Швајцарската национална банка (СНБ) има простор за маневрирање на девизниот пазар, пренесува Блумберг.Годишната стапка на инфлација во Швајцарија падна во август од 1,3 отсто во јули на 1,1 отсто, а експертите очекуваат дека SNB ќе ги намали каматните стапки овој месец, по трет пат годинава.Швајцарските производители на часовници, спротивно на трендот во економијата, имаат проблем со падот на побарувачката по рекордни три години.Во првите седум месеци од годинава извозот на часовници од Швајцарија падна за 2,4 отсто на годишно ниво, а некои компании беа принудени да го намалат бројот на работни часови за да избегнат отпуштања.Во швајцарската индустрија за часовници има околу 700 компании кои вработуваат вкупно 65.000 луѓе. Извозот на часовници сочинува 55 отсто од БДП на Швајцарија.

Пронајдете не на следниве мрежи: