Педри ѝ го донесе шестиот триумф по ред на Барса

Фудбалерите на Барселона засилено итаат кон титулата во Ла лига, откако вечерва, како гости, минимално го совладаа Вилјареал (1-0) за шести триумф по ред во шпанската елита.

Стрелец на победничкиот погодок беше Педри во 18. минута по одлична асистенција на Роберт Левандовски. Домаќинот во последната минута успеа да ја затресе мрежата, но голот на Чуквуезе беше поништен поради офсајд, за големо разочарување на навивачите на „жолтата подморница“.

Пронајдете не на следниве мрежи: