Ние не сме опкружени. Непријателот не гранатира со секакво оружје. Се обидуваат да го отсечат „начинот на живот“, вели Јуриј Маџар од 28 моторизирана бригада.
Најжестоките борби на истокот на Украина се уште се водат во Бахмут, стратешки важен град кој руските војници се обидуваат да го освојат од минатата есен и кој претрпе големи разурнувања!
- Милан Станковиќ ја прекина тишината! Се огласи после неколку месеци: Целосно ѝ се посвети на верата, а еве што држи во рака! (ФОТО)
- Кузеска: Власта ги одби амандманите за поголеми плати, а ќе троши на мебел и автомобили
- Викторија Бекам во брутално секси издание: Додека мамеше машки воздишки со својот сексипил, сопругот и синот ја следеа со будно око (фото)
- Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
- Генералот на Трамп предупредува: „Путин нема да преговара, Западот се соочува со најголемата закана од 1945 година“
Пред војната таму живееле околу 70.000 жители, а се верува дека останале помалку од 5.000. Според неофицијални информации, градот го бранат околу 7.000 добро утврдени Украинци, кои покрај руските редовни сили, ги напаѓаат и припадниците на платеничкиот одред Вагнер.
Пробив на север
Руски извори наведуваат дека нивните сили се наоѓаат на околу еден километар од центарот и дека освојувањето на градот може да се очекува многу брзо. Но, ниту неговите бранители не мислат така:
– Во последните 24 часа непријателот е уште побесен. Не гранатира со секакво оружје. Руските трупи го кршат Бахмут на молекули – вели полковникот Јуриј Мадијар, командант на 28-та моторизирана бригада на украинските вооружени сили и додава:
– На северното крило ситуацијата е комплицирана. Непријателот сонува да го отсече влезот во градот и да го земе под своја контрола делот познат како пат на животот. Се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека „силата на борбата само се интензивира“.
– Најголемите тешкотии, како и досега, се во Бахмут. Русија не ги брои своите луѓе, туку постојано ги праќа во напад. Силата на борбата само се зголемува – рече Зеленски.
Украинскиот воен аналитичар Олех Зданов рече дека „пробивот на северното крило на Бахмут“, во кој руските војници вчера дојдоа меѓу селата Беркивка и Јахидна во нивниот обид да го опколат градот, „претставува јасна закана“. CNN ја објави изјавата на украинскиот војник кој сакаше да остане анонимен:
Купување време
– Населбата Кромова е клучот за одбрана на градот. Кога ќе биде окупирана, ќе има само еден пат, Бахмут-Костјантинивка, за испорака на муниција и храна. Веќе е под контрола на непријателскиот оган и ако непријателот го заземе, ќе бидеме отсечени. Градот ќе се брани до крај, без разлика на се. Сите разбираме дека се држиме и гинеме за да купиме време за пролетната контраофанзива – рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.