Пелистер потпиша договор со Цикатиќ




РК Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор со хрватскиот кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ.

Овој 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми, доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.

Цикатиќ е роден во Дубровник, беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници.

Неговото претставување е предвидено на крајот на јули во Битола, со почетокот на подготвките за сезоната 2024/25.

Фото: Еурофарм Пелистер

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: