Претседателот Стево Пендаровски смета дека судскиот предмет „Таргет-Тврдина“, кој неодамна скопска Апелација го врати на повторно судење, е клучен и оти ако во него нема дело, нема ништо и од тоа што следуваше или произлезе од него, односно од објавените разговори.
„Со години траеше процесот. Тоа е клучниот предмет. Може да застари, а сам по себе тој предмет е клучниот. Оттука велиме: Прво, вие сте обвинети за нелегално прислушување. Од тие снимки понатаму излегоа индиции за сите други евентуални кривични дела што се правеле. Значи, ако го немаме ова како дело, немаме ништо друго, рече Пендаровски вчера во „Само интервју“ на „Канал 5“.
Тој вели дека е зачуден од одлуката на Апелација да ја укине пресудата и да го врати предметот на повторно судење во прв степен, пред сз поради тоа што прво се чувала во тајност извесен период откако била донесена. Дополнително, вели, над 20 илјади луѓе била опфатени со нелегалното прислушување и за тоа имало и сведочења.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.