Пендаровски го свика Советот за безбедност, се размислува и за вонредна состојба

Loading...

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, во понеделник во 16:00 часот закажа средба на Советот за безбедност на кој покрај стандардните членови ќе присуствуваат и министерот за здравство и првиот човек на Генералштабот на армијата, информираше Пендаровски на денешното обраќање од претседателската резиденција на Водно.
Како што кажа тој, на состанокот ќе се разговара за состојбата со корона вирусот, како и за сите мерки коишто се на располагање во случај на ескалација на состојбата.

loading...