Пендаровски им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба



„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“, порача ексшефот на државата

Откако ѝ ја предаде функцијата на новата претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова, ексшефот на државата Стево Пендаровски вчера во куса објава на Фејсбук им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба во изминатите пет години од неговиот мандат.

Стево Пендаровски, поранешен претседател на РСМ

„Благодарност до сите граѓани за укажаната доверба и на сите соработници со кои заеднички работевме во изминатите пет години“,

пишува Пендаровски во објавата на Фејсбук.

Објавата на Пендаровски следи откако претходно во текот на вчерашниот ден тој и официјално ѝ ја предаде претседателската функција на Силјановска-Давкова во вилата „Водно“. Дочекот на новата претседателка беше придружен со највисоки државни и воени почести, а по примопредавањето на функцијата двајцата одржаа тет-а-тет средба. Пендаровски, како што соопштија од кабинетот на Претседателот, ѝ ја честитал победата на Силјановска-Давкова и ѝ посакал успех во извршувањето на функцијата.

На средбата претходеше инаугурацијата на Силјановска-Давкова во Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи: