Пентагон официјално потврди: Американски воен брод и повеќе комерцијални бродови нападнати во Црвеното Море

Американски воен брод и неколку комерцијални бродови се нападнати денеска во Црвеното Море, соопшти Пентагон.

– Запознаени сме со извештаите за напади врз американскиот воен брод УСС Керни и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации кога ќе станат достапни, се вели во соопштението од Пентагон, без да се наведе од каде дошле нападите.

Американски воен аналитичар: Во случај на војна со Русија, НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија
НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија во случај на конфликт со Русија и Кина, смета американскиот воен експерт Вил Шрајвер. „Во конвенционален конфликт против Кина и Русија, НАТО ќе ја исцрпи …
Автобус со руски туристи удри во патарина во Тајланд, 27 повредени
Туристички автобус со руски државјани доживеа сообраќајна несреќа во Патаја, Тајланд. Во несреќата се повредени 27 лица, но меѓу Русите нема загинати, информираше за ТАСС портпаролот на руската амбасада Илја Илин. …

Пентагон се огласи откако претходно денеска, и британски товарен брод бил погоден од ракета во Црвеното Море во близина на брегот на Јемен.

Британската агенција за поморска безбедност (UKTMO), објави дека добила извештај за активност на беспилотни летала „во близина на Баб ел Мандеб, од правец на Јемен“. Активност на беспилотни летала е забележана во областа што ја дели Источна Африка од Арапскиот Полуостров.

Бунтовниците Хути во Јемен се заканија дека ќе ги напаѓаат бродовите на Израел и неговите сојузници во Црвеното Море, како одмазда за војната против палестинскиот Хамас во Газа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.