Пентагон подготвен! Ќе објави почеток на специјална операција во Црвеното Море

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин за време на неговата турнеја на Блискиот Исток ќе го објави започнувањето на операцијата „Чувари на просперитетот“ за борба против заканите кои доаѓаат од Хутите во Црвеното Море, пишува порталот The War Zone, повикувајќи се на претставник на Пентагон.

ДУИ: Албанците нема да бидат алатка на сценаријата на другите
По вчерашното срамно откритие, каде што изјавите на некои албански партии се покажаа дека се напишани во седиштата на македонските партии и потоа доставени за да се нападне ДУИ и нашиот лидер, Али …
КАКО НА ФИЛМ: Македонец бегајќи од косовската полиција се судрил па се открил голем шверц
Македонски државјанин бил уапсен од косовската полиција во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце откако бегајќи со возилото предизвикал судар. Во неговото возило е пронајдена голема количина шверцувана стока – облека и обувки. …
  • Остин, кој ќе го посети регионот на почетокот на следната недела заедно со претседателот на Здружениот штаб на воздухопловните сили, генерал Браун, ќе го објави почетокот на операцијата „Проспер Гардијан“… Станува збор за меѓународна операција чија цел е обезбедување меѓународна поморска безбедност – цитира официјалниот портал.

Ден претходно, разурнувачот Карни собори 14 дронови кои летаа кон трговски брод во Црвеното Море. Според американската команда, беспилотните летала летале од областите на Јемен под контрола на Хутите.

Во средината на ноември, шиитското движење Ансар Алах (Хути) кое го контролира северен Јемен предупреди дека ќе изврши напади врз сите бродови поврзани со Израел во Црвеното Море и ги повика другите земји да ги повлечат своите екипажи од нив. По ова, некои бродски компании одлучија да го прекинат превозот преку Суецкиот канал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.