Портпаролката на американското Министерство за одбрана, Сабрина Синг денеска изјави дека не може да зборува за можна израелска агресија врз Иран, но дека е сигурна дека Вашингтон не сака војна со Исламската Република.
„Американските и израелските официјални лица се во постојан контакт меѓу себе и продолжуваат да се консултираат со Израелците за да дознаат каков ќе биде нивниот одговор“, рече таа, додавајќи дека не сака да зборува врз основа на шпекулации.
Синг уште еднаш ја повтори американската поддршка за „правото на Израел да се брани од закани“, се вели во соопштението на Пентагон.