Португалија не успеа да се пласира во полуфинале на Мундијалот во Катар бидејќи беше поразена со 0-1 од Мароко, а по мечот беше откриено дека искусниот дефанзивец Пепе играл со скршена рака.
Португалската федерација соопшти дека дефанзивецот за време на натпреварот ја скршил левата рака, но и покрај ризикот решил да остане на теренот за да им помогне на неговите колеги.
Пепе по натпреварот веднаш заминал во болница во Доха, каде што со снимање била потврдена фрактурата.