Пес си го застрела стопанот

Loading...

Пес во американската сојузна држава Флорида изминатиот викенд го застрелал и го ранил својот сопствени, но се извлекол без обвиненија, соопшти локалната полиција.

Триесет ипетгодишниот Грегори Дејл Лејнер од Фростпруф на Флорида, ѝ рекол на полицијата во саботата дека тој и неговиот пес биле во камион во близина на градот Себринг, кога песот со шепата удрил по пиштолот кој се наоѓал на подот, пишува локалниот весник Highlands Tribune.
Пиштолот пукнал и го погодил Лејнер во ногата, соопшти локалната полиција од Себринг.
Сопственикот, за среќа, не е потешко повреден, изјавил полицискиот началник Стив Кар, додавајќи дека полицијата не го уапсила песот, бидејќи истрагата е во тек, додава весникот.
Според полицискиот извештај, Лејнер рекол дека возел по патот кога песот со ногата го удрил „ненаполнетиот” пиштол. Началникот Кер рекол дека Лејнер тогаш со „изненадување” дознал дека пиштолот е наполнет, па дури и дека е со калибар од 9 милиметри.
Како и за секој осомничен, не е објавена расата и името на песот.
Кар напомнал дека никогаш не слушнал за сличен случај. Меѓутоа, агенцијата UPI потсетува дека во 2011 година во сличен инцидент во сојузната држава Јута пес од расата жолт лабрадор скокнал врз сачмарка по што 27 сачми завршиле во задникот на неговата сопственичка.
Макфакс
Пес во американската сојузна држава Флорида изминатиот викенд го застрелал и го ранил својот с

loading...