По повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 октомври, ќе биде неработен за сите граѓани на државата согласно Законот за празници, соопшти Министертвото за труд и социјална политика.
Министерството на граѓаните им го честита празникот – Денот на македонската револуционерна борба.
До крајот на годината за сите граѓани останува само уште еден неработен ден.
За сите граѓани на РМ
8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;
За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела), Празникот на сите светци;
25 декември (петок), првиот ден на Божиќ;
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.