Петтоодделенката Софија Златареска од ООУ „Климент Охридски“ од Прилеп го освои првото место во светот на меѓународниот натпревар или уште како што се нарекува Олимпијадата за англиски јазик, Hippo, во новоформираната категорија за пишување на есеи.
Ученичката вели дека отсекогаш го сакала англискиот јазик, а ова не и било прв пат да биде учесник на Hippo, но за прв пат освојува награда.
Софија додава дека првата година кога учествувала, не влегла во полуфинале само за пола поен.
„Иако се чувствував тажно, сепак зедов храброст и реков дека додека не успеам нема да престанам да учествувам. Оваа година пак учествував во натпреварот Хипо и пак не влегов во полуфинале за 1.5 бода. Пак бев малку тажна, но кога дознав дека сум прво место за есеи, сепак бев среќна“, рече Софија Златареска.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.