Протеините се важни за организмот бидејќи се одговори за здравјето на органите, кожата и коските. Храната богата со протеини е важна и за намалување на крвниот притисок, но и за борбата против дијабетес.
Без разлика каков вид храна преферирате, протеините се неизбежни макронутриенти доколку сакате да го одржите вашето здравје, да го контролирате аптетитот и да обезбедите храна за мускулниот систем.
Кои намирници се богати со протеин?
Леќа
Леќата може да се купи секаде. Една шолја од оваа намирница има 18 г протеини и 16 г растителни влакна, како и многу витамини, минерали и антиоксиданси.
Варени јајца
Во едно јајце има околу 6 г протеини. Најновите истражувања покажуваат дека холестеролот кој се наоѓа во жолтката нема влијание на нивото на холестерол во крвта. Жолтката содржи витамин Д, калциум, железо, цинк, витамин Б12 и омега 3.
Сурутка
Може да ја употребувате на различни начини – да ја додадете во смути, во овесна каша, палачинки од банана и слично.Грав
Во една порција има 12 г протеини и растителни влакна.
Грчки јогурт
Грчкиот јогурт е одличен извор на протени. Во една порција јогурт има 11 до 14 г протеини. Може да го јадете во солена и блага варијанта.