Пет дена до детската Евровизија 2018: Марија Спасовска пристигна во Минск

Пет дена не делат од детската Евровизија во Минск, Белорусија, на која оваа година ќе не претставува 13-годишната Марија Спасовска од Скопје со песната „Дома”. Песната на Марија испраќа топла и хумана порака до сите деца во светот.
Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.

Лани на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји-учеснички, завршивме на 12 – то место. Оваа година атаакуваме на повисоките позции со песна на Дарко Димитров и Елена Ристеска.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.