Пет знаци дека не внесувате доволно протеини

Протеините се исклучително важни за телото да функционира нормално. Како да знаете дали доволно ги внесувате?
Недостатокот на протеини е редок и најчесто се случува кај лица кои страдаат од анорексија, канцер или се претерано слаби. Сепак, понекогаш веганите или луѓето кои се хранат со исклучително сирови намирници не внесуваат доволно протеини. Освен тоа, во голем дел од растителните намирници не се наоѓаат комплетни протеини, што значи дека им недостасува најмалку една од девет есенцијални аминокиселини кои се наоѓаат во намирниците од животинско потекло, како месото и јајцата. Сојата и киноа семето содржат комплетни протеини.
Според општите препораки, и мажите и жените треба да внесуваат околу 0,8 грама протеини на секој килограм од својата телесна тежина, а оние кои тренираат треба и малку повеќе.
Ова се петте знаци дека не внесувате доволно протеини:


Склони сте на повреди на коските
На вашите коски им е потребно повеќе од здрава доза калциум – потребни им се и протеини. Кога не внесуваме доволно протеини кои даваат енергија на организмот и на мозокот, нашето тело го позајмува од други делови, како на пример од резервите во мускулните ткива. Без поддршка од силни мускулни ткива, коските стануваат склони на повреди и кршење.
Косата и ноктите ви се слаби
Протеините се клучен дел во косата и ноктите, па доколку не ги внесувате доволно, ноктите стануваат меки, а влакната склони на кршење. Косата го губи својот сјај и не е густа како претходно, а доколку недостатокот од протеини трае неколку месеци, можно е и да почне да паѓа, бидејќи телото го запира нејзиниот раст за да сочува протеини во телото.
Губите килограми (односно, губите мускули)
Кога киограмите одат надоле, не мора да значи дека е добра работа. Најчесто, кога луѓето не внесуваат доволно протеини, телото го повлекува од мускулите. А доколку губите мускулна маса, тогаш се таложат масти.


Немате сила
Луѓето кои не внесуваат доволно протеини, почнуваат да се чувствуваат хронично изморени. Нормално, намалената мускулна маса и недостатокот на протеини влијае на ова, но протеините се и составен дел на хемоглобинот, кој е присутен во црвените крвни зрнца и го транспортира кислородот низ телото. А недостатокот на кислород предизвикува чувство на слабост.
Често сте настинати
Протеините се задолжени и за создавање на антитела, кои се создаваат во имунолошкиот систем за да помогнат во борбата против бактериите и вирусите. Доколку не внесувате доволно протеини, го ослабнувате вашиот имунолошки систем и ќе се настинувате почесто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.