Пет изговори кои жените ги користат за да избегнат с*кс со партнерот

Сексуалниот однос е важен и составен дел од секоја врска и дополнително ги зближува партнерите. Но, секој има денови кога не е расположен за секс од различни причини, а жените понекогаш не се искрени со партнерите и ова се најчестите изговори со кои се служат за да избегнат секс со партнерот.
Уморна сум
По напорниот работен ден, понекогаш тешко е човек да се препушти на страста и уморот е сосема прифатлива причина за избегнување на сексуалниот однос. Но, доколку ова го користите само како изговор и го правите често, партнерот нема да ви верува кога навистина ќе бидете уморни.
Имам менструација
Оваа оправдана причина жените некогаш ја користат и ден пред или после месечниот циклус како изговор, бидејќи знаат дека партнерот нема да им бара доказ.


Морам да се разбудам рано
И ова е добра причина за избегнување секс бидејќи тешко функционираме кога не сме доволно наспани. Но, доколку често го користите овој изговор, можно е ова да укажува на некои подлабоки проблеми во вашата врска.
Ме боли главата
Овој класичен изговор го искористила секоја жена, а изговорот „ме боли главата” стана толку излижан што ретко кој маж верува во него. Доколку не ве боли главата, туку едноставно не сте расположени за секс, подобро е да бидете искрени со него.
Можеме подоцна?
Уште еден класичен изговор кој жените често го користат кога не се расположени за секс е неговото одложување за подоцна, што обично не се случува, а на повеќето мажи тоа им е јасно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.