Вчера (06.11.2025) во попладневните часови, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи под водство на јавен обвинител од Јавното обвинителство за НКОК и истражители од Истражниот центар на Јавното обвинителство НКОК лишија од слобода пет лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот Џх.Ф. (77) сторил континуирано кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица А.Ф. (44), Ј.К. (35) и И.С. (57) како посредници сториле кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а Д.Д. (47) сторил континуирано кривично дело „примање поткуп“.
Првоосомничениот – раководител на правно лице, од крајот на февруари годинава до вчера, искористувајќи ја истата трајна врска и истите можности, во неколку наврати, директно и преку посредници, му ветил подарок – средства од значителна вредност на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија. Другите тројца осомничени, од кои едниот е даночен службеник во УЈП Скопје и државен службеник вработен во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, искористувајќи го своето реално влијание и службена положба, барале и охрабрувале од директорот на агенцијата да изврши службено дејствие што не му било дозволено да го изврши.
Имено, иако правното лице на првоосомничениот не ги исполнувало условите утврдени во Јавниот повик бр. 01/24 за поднесување барања за користење средства од ИПАРД Програмата за мерка 3, директорот, откако добил ветување за подарок од значителна вредност во износ од 50.000 евра, вчера потпишал договор за користење на финансиски средства со правното лице и на тој начин добил дел од средствата во износ од 400 евра, кои биле пронајдени и запленети при рацијата.
За време на рациите спроведени на други локации, пронајдени се средства со значителна вредност.
The post Пет лица уапсени за примање мито во Македонија, меѓу кои и службено лице appeared first on Во Центар.



