Пет месеци била во кома откако ја родила Северина- ова е никогаш видена фотографија од мајката на пејачката која поминува низ пекол

Од кога судот донесе привремена одлука со која Александар Поповиќ (7) живее со татко му Милан Поповиќ (54), а не со мајка си Северина Коиќ (47), пејачката се повеќе ги истакнува семејните моменти и пораки на социјалните мрежи.
Таа пред 3 дена објави снимка на која се прегрнува со мајка ѝ Ана, после што нејзиниот тим и таа почнуваат да викаат „мама, мама…“
Снимката разнежни многумина, а детаљот кој малкумина го знаат е тоа дека Ана, после породувањето со Северина, била во кома дури 5 месеци.


-Била 5 месеци во кома после породувањето со мене, но преживеа и веднаш ме научи дека може и да умре за мене, како и за својот син, но дека ќе биде многу посреќна доколку живее за нас. Ти благодарам за се мамо!, напиша Северина неодамна.
Северина неодамна во јавноста сподели и информација дека нејзината мајка Ана секогаш знаела кога и на кој начин и треба, па така знаела дека ќе ѝ треба на ќерка си, неделата кога ѝ го одземале синот, затоа веднаш долетала од Сплит за Загреб.
Таа изјави дека дури сега, кога и самата таа е мајка, потполно разбира како нејзината мајка секогаш знаела што ѝ треба, без да каже било што.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.