Авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати, Flydubai, која воспостави редовни директни летови од Скопје до Дубаи, откако почна да оперира во јуни во 2009 година, Flydubai доживеа извонреден раст, па во изминативе две години компанијата за повеќе од двапати го зголеми бројот на дестинации до кои лета, од 25 на 52, што значи стапка од повеќе од една нова рута месечно.
Превозникот го зголеми нивото на летови и сега има над 1.000 во текот на една недела. Од основањето до денес, Flydubai превезе околу 10,4 милиони луѓе. Поради ова таа стана втората најголема компанија според бројот на патници што оперира од меѓународниот аеродром во Дубаи.
„Визијата и посветеноста на Владата го трансформира Дубаи во глобален центар на авијација, трговија и туризам. Стартувана за да ги поддржи комерцијалниот и туристичкиот сектор, кои силно напредуваат, амбициите и успехот на Flydubai го отелотворуваат духот на градот што оваа авиокомпанија го претставува. Во кратката историја, flyduvai цврсто си го осигура своето место во регионот. Отвори нови пазари, придонесе во зголемување на туризмот во Дубаи и имаше голем удел во развојот и подобрената поврзаност на аеродромот во метрополата. Денес, горд сум што имам можност да го славам успехот на овој млад, амбициозен, авиопревозник и неговиот позитивен импакт врз Обединетите Арапски Емирати”, изјави неговото височество, Шеик Ахмед бин Саид Ал Мактум, претседател на Flydubai.
„Кога почнавме со работа во 2009 година нашата цел беше да го направиме патувањето со авион што подостапно и на патниците да им обезбедиме вистинска вредносна услуга. Бргу ги идентификувавме, ги искористивме можностите што ни ги пружа нашата близина до светските центри на популацијата во Европа, Блискиот Исток, Северна Африка и Азија и ги потпомогнавме трговијата и туризмот отворајќи нови и претходно недоволно опслужувани дестинации”, рече главниот извршен директор Гаит Ал Гаит.
Според првиот човек на компанијата, flydubai ги поместила стандардите на вообичаениот пристап на нискотарифните превозници со тоа што на патниците им овозможивме дополнителни услуги по достапни цени.
„Успехот на нашиот одржлив бизнис-модел е очигледен и во финансиските и оперативните резултати. Во втората половина на 2011 година почнавме да чекориме со профитабилен раст. Во 2012, пак, превезовме 5.1 милиони патници и со неодамнешното вклучување на уште една рута во Саудиска Арабија, сега имаме мрежа од 52 дестинации опслужувани од флота од 28 летала”, вели Ал Гаит.
И покрај тоа што работи во опкружување каде што царува економската несигурност и постојано високи цени на гориво, вкупниот приход на flydubai во 2012 година беше 756 милиони долари, што е силна демонстрација на досегашната приказна на раст на компанијата.
Профитот во минатата сезона беше 41,4 милиони долари, а flydubai продолжува со трендот на сè подобри резултати на заработката пред оданочување. Таа во 2012 беше 24 отсто од приходот, што е исклучително постигнување ако се знае дека превозникот постои само три години, а оваа бројка е добар индикатор за здравата финансиска состојба во која што се наоѓа бизнисот.
Од јуни 2009 година, компанијата оствари феноменален раст во бројот на патници. Покрај 5,1 милион луѓе превезени само во 2012, со flydubai досега вкупно летале 10,4 милиони патници.
Бројот на патници во мрежата на flydubai во земјите од Персискиот залив порасна за 63 отсто во 2012 година, а целиот пазар за сите авиокомпании се зголеми за 21 отсто. Во земјите од заедницата на независни држави бројот на патници порасна за 72 отсто, а вкупниот пазар за сите превозници се зголеми за 28 отсто.
Секоја недела повеќе од 1.000 летови на Flydubai пристигнуваат на своите дестинации во земјите од Блискиот Исток, Африка, индискиот потконтинент, Азија, земјите од Заедницата на независни држави, како и во централна и во Источна Европа.
Макфакс
Авиокомпанијата од Обединетите Арапски Емирати, Flydubai, која воспостави редовни директни летови од Скопје до Дубаи,