Пет мртви, деца се борат за живот: Родителите скршени од болка во болницата во Ниш

За 15 минути примивме 30 повредени лица од кои 10 до 12 се животно загрозени. Меѓу тешко повредените има и десетина деца, изјавил за „Блиц“ директорот на Ургентниот центар на Ниш по страшната несреќа која утринава се случи кога воз удри во автобус и го преполови.
Лелеци, плач и болка се сликата и вресоците кои се слушаат денеска во Ургентниот центарво Ниш по страшната несреќа кога воз удри автобус, при што загинаа три лица меѓу кои и дете, а потоа починаа уште едно лице и ученичка од 15 години додека беа оперирани.
Сите вработени беа вонредно викнати на работа, а сцените се потресни.
– Што згреши мојот син, има само 15 години. Да не биде жив за туѓа грешка, викал татко на починато момче.


Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
И докторите и семејствата плачат денеска во Клиниката.
Министерот за здравство Златибор Лончар даде изјава за медиумите во која објаснува каква е состојбата на повредените.


-Во моментов во Клиничкиот центар се сместени 13 пациенти од кои осум се малолетни, имаат по 16 години. Двајца од нив се во тешка состојба. 16-годишна девојка има сериозни повреди на централниот нервен систем. таа беше оперирана од неврохирурзи, но се уште е во кома. Момче кое исто така има 16 години е во сериозна состојба поради големи повреди на кичмата, рече Лончар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.