Што ја опишува сензуалната жена? Тоа што совршено комуницира со својата женственост и се чувствува одлично во својата кожа? Сигурноста, интелигенцијата или ставот?
Едно е јасно – таа е опуштена, освојува со погледот, движењата и држењето.
Но, покрај тоа таа поседува уште 5 изразени навики кои ја одвојуваат од другите:
1. Сензуалните жени не влегуваат пребргу во интимни односи
Сензуалната жена е многу опуштена и ужива во сексот, но попрво чека пред да се одлучи на самиот чин со новиот партнер, посебно ако посакува сериозна врска и посветеност. Далеку од тоа дека таа е ограничена со некакви правила, туку едноставно знае дека брзањето со сексот има превисока цена.
Сексот предизвикува лачење на окситоцин, хормон кој е познат како „дрога“ на вљубеноста и под негово дејство партнерот може да ни изгледа како совршен, а всушност да станува збор само за совршена илузија која многу бргу се руши.
2. Страсни се во сè што прават
Дамите кои зрачат со сексапил не се зависни од својот партнер. Мажот го прави нејзиниот живот поубав, но не го претставува целиот нејзин живот.
Додека многу жени погрешно го спојуваат својот живот и се надеваат дека на тој начин ќе доживеат најдлабока блискост, опуштената и сигурна жена знае дека нејзината независност не е препрека за стабилна врска. Таа го исполнува својот живот со успеси на сите останати полиња и постојано си поставува цели за достигнување.
3. Емоционално се стабилни
Жените кои се одликуваат со сензуалност и сила во голема мера се стабилни и силни и што е најважно, умеат да ги контролираат своите негативни емоции, посебно лутината.
Пожелните жени знаат дека среќата доаѓа однатре, наспремa надворешните извори кои ја опкружуваат и токму затоа имаат поголем број на работи во животот кои ги исполнуваат, како: пријателките, кариерата, хобијата…
Тие употребуваат голем број на техники за ослободување од стресот и со партнерот се нежни, топли и полни со разбирање и љубов.
4. Не познаваат граници
Силните и сексапилни жени не се плашат да зборуваат слободно и отворено да ги изразуваат своите мислења.
Тоа посебно важи за границите кои се поставуваат во врската со партнерот: како во сексот, така и во другите елементи од љубовната врска.
Сензуалните жени не бараат премногу, туку едноставно очекуваат одреден степен на почитување и не се плашат да ги изразат своите потреби.
5. Не избрзуваат
Жените се борат со голем број на притисоци: „бидете со витка става“, „стапете во брак во вистинското време“, „станете мајка“… Меѓутоа таквите брзања само ја уништуваат можноста за развој на вистинската женственост и сензуалност и ве доведуваат до погрешни избори.