Се чувствувате незадоволни затоа што вашата кариера напредува бавно или затоа што имате малку пари? Време е да престанете да велите „Сакам“ и да почнете да работите на тоа.
Успехот може да биде ваш ако навистина го посакувате. За да бидете како вашите супер-успешни идоли потребно е да вложите малку повеќе труд.
Неможете секогаш да се потпрете само на среќата, затоа што сме сигурни дека она работно место што отсекогаш сте го посакувале, нема сам да ви слета на рамо. За да започнете, постојат неколку навики што би требало да ги стекнете – можеби ќе ми треба малку повеќе време за да се навикнете, но така се доаѓа и до напредок.
Бидете ранобудни
Истражувањата покажуваат дека дури 44 отсто од богатите луѓе се будат три часа пред да одат на работа. Само едноставниот чин на будење порано им додава еден час повеќе во нивните животи. Замислите колку попродуктивни можете да бидете во раните утрински часови, без прекинувања и попречувања. Или искористете го ова дополнително време за работа врз поставувањето цели и истражувањето на сопствените можности.
Интернет
Истражувањата покажуваат дека 79 отсто од богатите поминуваат пет часа месечно на создавање контакти – одат на конференции, запознаваат клиенти, одат на онлајн семинари, договараат состанови итн. Тоа што ќе поминувате време со истомислениците ви овозможува да се усогласите со другите и да учите од нив. Оној круг на луѓе со кои што се дружите го обликува вашиот свет – можете да го промените целосно исходот на вашата кариера со тоа што ќе се опкружите со успешни луѓе што на нешто ќе ве поучат, ќе ве поткренат и ќе ве поддржат.
Останете фокусирани
Најуспешни луѓе се оние што почувствувале желба и работеле на неа – и токму од тој миг, станале фокусирани на она што сакаат да го направат се додека тоа не станало нивна стварност. Следете ја вашата одлучност, игнорирајте ја бучавата и задржете го фокусот.
Читајте за да научите
Според истражувањата, 86 отсто од богатите луѓе и лидери сакаат да читаат. Кога читате секако сакате нешто и да научите. Оние што постигнале некаков успех постојано работата на сосптвеното знаење, научиле и го збогатиле знаењето.
Направете листа
За да ја постигнете конечната цел, морате да го наведете она што сакате да го остварите. Поголемиот број богати луѓе секојдневно прават листи со тоа што треба да го направат, дури 81 отсто од нив! Всушност 67 отсто богати луѓе да ги исполнат нивните дневни обврски – имаат јасно зададени цели и предадено работат на тоа да ги исполнат.