Ако живеете со партнерот, тогаш спалната соба би требало да биде најинтимната просторија во вашиот дом. Но, некои луѓе несвесно ја расипуваат романтичната атмосфера со лоши навики.
Проверете на кои начини е можно да ја убивате страста во спалната соба:
Планирате обврски
Кога навечер ќе си легнат, многумина почнуваат да размислуваат за обврските кои ги чекаат следниот ден. И додека е тешко да ги отстраните, обидете да ги задржите само за себе и немојте да разговарате за нив со партнерот. Таквите теми експресно ги убиваат страста и романтиката, а неретко можат да предизвикаат расправија меѓу партнерите.
Си легнувате со лаптоп или мобилен во кревет
Освен што не е добро по здравјето, зјапањето во екранот на мобилниот или на лаптоп компјутерот во кревет е штетно за комуникацијата меѓу партнерите и со самото тоа ја уништува страста. Оставете го мобилниот и уживајте во други, поинтересни активности кои можете да ги правите во кревет.
Неуредна соба
По неколку дена запуштеност спалната соба може да се претвори во вистински хаос на расфрлена облека и други ситници на кои не им е таму местото. И како да се биде романтичен на такво место? Потрудете се со партнерот редовно да водите грижа за хигиената и редот во домот, особено во просторијата каде спиете. Тоа влијае и на вашиот сексуален живот.
Ја препуштате спалната соба на гости
Убаво е да се биде добар домаќин, но и гостопримството треба да има граници. Пријателите и роднините кои доаѓаат во посета од некој друг град не треба да ги сместувате во вашата спална соби и во вашиот кревет, бидејќи тоа е најинтимниот дел од домот. Помислата дека некој друг кој го познавате спиел во вашиот кревет експресно може да ја убие страста, особено ако станува збор за роднина. Наместо тоа, сместете го во гостинската соба или во собата за дневен престој.
Работите или учите во кревет
Во спалната соба треба да се чувствувате најопуштено, но ако со себе ја носите работата или книгите за испит, со нив ќе внесете и стрес, па собата нема да ја перципирате како простор за одмор и релаксација, а најверојатно ќе ја загубите и желбата за секс.