Пет најдобри градови за страствените љубители на кафе

На љубителите на кафе кои таа страст би ја поврзале со своите патувања им се препорачува да избираат градови во кои долго време се негува културата за пиење на тој магичен црн напиток.
За луѓето ширум светот, почетокот на денот без шолја кафе е незамислив, а ритуалите за пиење на овој кофеински пијалак се разликува од држава до држава, па дури и од град до град. Во продолжение погледнете кои се најдобрите градови за уживање во овој пијалак.
Сао Паоло, Бразил


Централна и Јужна Америка се подрачја на кои се одгледува кафе со совршен распон на вкус. Надморската висина ја погодува совршената киселина, а поради идеалната температура зрната кафе се од врвен квалитет.
Сао Паоло има многубројни кафе барови за уживање во прекрасниот вкус на овој напиток, од традиционални кафе барови како Софа Кафе, Кафе Флореста до современи кафе барови како Белуга и Октавио.
Истанбул, Турција


Во Турција велат дека кафето мора да биде црно како пеколот, силно како смртта и слатко како љубовта. Турците секогаш послужуваат кафе после ручекот, а го варат во бакарно ѓезве. За да ја ублажат горчината често го послужуваат со турски колачи, а и во традиционални порцелански филџани.
Милано, Италија


Во Италија најпопуларно кафе е еспресо кое се послужува во мал филџан и обично се консумира стоејќи. Интересно е дека Италијанците сметаат дека не е добро да се порачува капучино во ноќните часови, бидејќи утрото е време за уживање во капучиното.
Џакарта, Индонезија


Кафето е составен дел од животот на населението во Индонезија. Таа е позната по своите извонредни видови на кафе, вклучувајќи ги Јава, Суматран, Тораја и Гајо. Љубителите на кафе во Џакарта можат да ги пробаат некои од најскапите видови на кафе на светот, како што е Копи Лувак.
Сиетл, Вашингтон, САД

Сиетл е совршено место за страствените љубители на кафе. Најдоброто време за посета на дождливиот град е кон крајот на јуни или помеѓу септември и октомври.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.