Пет погодоци на Халанд за пласман на Сити во четвртфиналето



Фудбалерите на Манчестер Сити победија со убедливи 6:2 на гостувањето кај Лутон Таун и се пласираа во четвртфиналето на ФА Купот, а норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд постигна пет гола.

Веќе на полувремето Халанд имаше „хет-трик“, постигнувајќи голови во 3., 18. и 40. минута, а при сите три негови реализации додавач беше Кевин Де Брујне.

Се чинеше дека домашните се враќаат во игра кога Џордан Кларк со головите во 45. и 52. минута го доведе Лутон Таун на само погодок негатива.

Но, веќе во 55. минута Халанд го постигна четвртиот гол и тоа на четвртата асистенција на Де Брујне, а три минути подоцна и петтиот, за што му асистираше Бернардо Силва.

Во 72. минута серијата на Халанд ја прекина Матео Ковачиќ. Хрватскиот интернаионалец постигна гол за 6:2 со прецизен удар од повеќе од 20 метри.

Манчестер Сити ја брани минатогодишната титула, а стана вториот четвртфиналист по второлигашот Ковентри Сити, кој во понеделникот со 5:0 го совлада Мејдстон Јунајтед, клуб од шестата квалитативна класа на англискиот фудбал.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: