Во текот на вчерашниот ден, среда, 28.08.2024 година, имаше вкупно 39 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола е 1 и изгаснати се 33, соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
АКТИВНИ: 5
- Општина Чашка: Планина Мукос, с.Степанци и м.в.Кадиица на граница помеѓу Општина Чашка и Општина Долнени (мешана шума);
- Општина Студеничани 1: над с.Црвена Вода, м.в.Крста (ниска вегетација и нискостеблеста шума);
- Општина Студеничани 2: с.Љубош – с.Горно Количани (ниска вегетација);
- Општина Штип: помеѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали (нискостеблеста шума и сува трева);
- Општина Лозово: с.Дурфулија – с.Каратманово (борова шума).
ПОД КОНТРОЛА: 1
- Општина Охрид: планина Галичица, Општина Охрид и Општина Ресен (чадење во внатрешноста).
ИЗГАСНАТИ: 33
- Општина Дебар 1: с.Татар Елевци (мешана дабова шума и сува трева);
- Општина Дебар 2: с.Могорче (депонија);
- Општина Дебар 3: м.в.Бошков Мост (дива депонија);
- Општина Битола 1: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);
- Општина Битола 2: кај Тунелот (ѓубре и сува трева);
- Општина Демир Хисар: с.Сопотница (ѓубриште);
- Општина Ново Село: Депонија (ѓубре);
- Општина Теарце: с.Глоѓи (стрништа и сува трева);
- Општина Желино: с.Мерово (сува трева);
- Општина Боговиње: с.Жеровјане (сува трева);
- Општина Врапчиште 1: с.Врановци (ниско стеблеста шума, сува трева, отпад);
- Општина Врапчиште 2: с.Сенокос (шума и сува трева);
- Општина Врапчиште 3: с.Градец (сува трева);
- Општина Гостивар: ул.Боге Вељаноски (сува трева);
- Општина Маврово-Ростуште: с.Требиште (стрништа и сува трева);
- Општина Струга 1: с.Драслајца (сува трева);
- Општина Струга 2: с.Добовјани (сува трева);
- Општина Ѓорче Петров: нас.Ѓорче Петров (сува трева);
- Општина Бутел: с.Визбегово, Качанички Пат (сува трева и магацина за градежен материјал);
- Општина Аеродром 1: ул.Трета Македонска Бригада – помеѓу пругите кај Тутунски комбинат (сува трева и монтажни објекти на Македонски железници);
- Општина Аеродром 2: ул.Трета Македонска Бригада (прагови од пруга и сува трева);
- Општина Аеродром 3: ул.Трета Македонска Бригада (прагови од пруга и сува трева);
- Општина Чучер Сандево 1: кај Аеродром Стенковец (сува трева);
- Општина Чучер Сандеов 2: Качанички пат (стрниште);
- Општина Чучер Сандево 3: с.Чучер, с.Сандево (ѓубре и сува трева);
- Општина Сопиште 1: с.Маркова Сушица (мешана вегетација);
- Општина Сопиште 2: с.Маркова Сушица (дрва);
- Општина Гази Баба: с.Раштак (ѓубре);
- Општина Арачиново: с.Орланци (депонија);
- Општина Ранковце: с.Ранковце (нискостеблеста шума и сува трева);
- Општина Долнени: с.Средорек – с.Вранче (стрништа и сува трева);
- Општина Куманово: ул.Октомвриска Револуција (ѓубре и сува трева);
- Општина Липково: с.Никуштак (стрниште и сува трева).