Не постои точен рецепт за совршена врска, но експертите велат дека ова се “состојките” без кои не можете да имате врска која е среќна и здрава.
Слични карактеристики
Велат дека спротивностите се привлекуваат, но на долг рок, за среќна врска е потребно да сте слични во некои работи. Сепак, доколку сте различни, тоа не е најлошата работа на светот – важно е вашите различности меѓусебно да се надополнуваат.
Сексуална компатибилност
Не мора да се нагласува дека сексуалната компатибилност е важна во врската – доколку ја нема, вашата врска лошо ќе функционира без оглед на тоа колку добро се согласувате во останатите работи.
Познавање на себеси
Доколку не се познавате себеси, тешко ќе знаете што сакате, а доколку не знаете што сакате, уште потешко ќе знаете тоа да му го кажете на својот партнер. Познавањето на себеси е исклучително важно, многу поважно од познавање на сопствениот партнер.
Доверба
Една од најлошите работи кои можат да се случат во врската е губење на довербата. Доколку нема доверба, сè останато ќе функционира многу лошо.
Ментална стимулација
Личноста со која сте во врска мора да делува позитивно врз вас и да ве тера да го извлекувате најдоброто од себеси. Менталната стимулација е исклучително важна, а паровите кои меѓусебно се поттикнуваат на размислување имаат многу посреќни врски од оние на кои им недостасува ментална стимулација.