Капењето после напорниот работен ден, освен хигиенски, може да има и други предности, ако го практикувате на вистински начин, а за тоа е потребно време, малку пари и многу сила.
Неколку смируваки производи во текот на капењето можат да ви помогнат да почувствувате и други предности од него, што во брзиот начин на живот и тоа како се потребни. Затоа, за целосно опуштање и уживање се препорачуваат свеќи, масло и сол. Организамот ќе ви биде благодарен.
Ви нудиме пет совети за совршена купка!
1. Сол за капење
Солта за капење не е популарна, но нуди цела низа предности, од борба против стрес и замор, до намалување на воспаление, смирување инфекции и детоксикација на кожата.
2. Средство за чистење на телото
Секако дека треба да знаете да одберете вистинска купка за капење, а секој може да го пронајде она што му е најпотребно за својата кожа.
3. Мирисни сапуни
Со мирисните сапуни, капењето може да биде уште позабавно. Едноставно одберете го оној со вашиот омилен мирис и само пуштете го во кадата.
4. Мирисни свеќи
Капењето добро е да го започнете со мирисни свеќи, бидејќи со тоа ќе се направи вистинска атмосфера за уживање. Повеќето мирисни свеќи, особено мирисните ружи, имаат својства за подигање на расположението, со што ќе ви влее чувство на опуштеност и освежување.
5. Масло за капење
Луксузниот производ од мешавина на ароматични етерични масла ќе го опушти вашето тело и ум.