Најновите истражувања покажуваат дека газираните пијалаци можат да имаат исто влијание врз организмот како и цигарите.
Освен што се полни со шеќери кои можат да доведат до дијабетес и други опасни болести, газираните пијалаци содржат и различни хемиски супстанци кои го трујат вашето тело и со тоа создаваат киселост во организмот која може да доведе и до појава на канцерогени ткива.
Затоа е важно максимално да го намалите внесот на газирани напитоци или целосно да ги исфрлите од употреба, а еве како полесно да го направите тоа:
Пронајдете замена
Најголемиот проблем кај газираните пијалаци е навиката. Луѓето се навикнуваат на нив бидејќи немаат замена за својот омилен пенлив напиток. Затоа е важно да најдете здрава замена за нив – тоа може да биде лимонада, кисела вода или некој домашен сок.
За почеток намалете ја количината
Не пробувајте во истиот момент да ги оставите газираните пијалаци бидејќи веројатно нема да успеете во тоа, туку потрудете се да ја намалите количината во првите неколку недели. Потоа, постепено намалувајте го внесот на ваквите напитоци се додека целосно не ги исфрлите од употреба.
Наградете се
Пробајте да се мотивирате во позитивна насока, односно парите што ќе ги заштедите од купување на газирани сокови потрошете ги за нешто друго. Иако грицките или другата вкусна храна исто така не се претерано здрави, тие можат да ви помогнат во мисијата за одвикнување.
Направете си свој газиран пијалак
Соковите на растворање можете повремено да ги мешате со газирана вода и со тоа да добиете пенлив напиток кој ќе ви го олесни одвикнувањето.
Испијте по еден газиран напиток на неколку месеци
Кога нема да пиете газирани пијалаци, вашето тело ќе се одвикне од нив. Поради тоа, дозволете си по некој газиран пијалак по неколку месеци и ќе видите дека неговиот вкус ќе ви биде поблаг и повеќе нема да ви се допаѓа толку, што само ќе ви ја олесни и намали потребата за нив.