Печено пилешко со презла и пармезан

Се подготвува лесно, а ќе уживате во секој залак.
Потребни ви се само неколку минути за подготовка на овој оброк.
Состојки:
Четири парчиња пилешко филе
Сол и бибер по вкус
45 гр. презла
50 гр. рендан пармезан
Лажица маслиново масло
Свеж магдонос
Чешне лук
Лажица сенф


Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 230 степени. Наредете го пилешкото месо на тава обложена со алуминиумска фолија, а одозгора ставете сол и бибер.
Во сад ставете презла, пармезан, маслиново масло, магдонос и исецкан лук. На секое парче намачкајте малку сенф, а одозгора ставете ја смесата со презлата.
Печете околу 15 до 20 минути. Сервирајте со салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.