На TikTok може да се најдат милиони едноставни и вкусни рецепти кои дефинитивно вреди да се пробаат.
Во моментов еден од најпопуларните е оној за леб со паста од лук и топено сирење. Видеото со рецептот има над 168 милиони прегледи и над 17 милиони лајкови.
Потребни состојки:
1 багет
100 гр рендана моцарела
1 главица лук
100 гр омекнат путер
2 лажици маслиново масло
сол
бибер
чили
Подготовка:
Целата главица лук ставете ја во фолија и печете ја околу 40 минути во рерна загреана на 200 степени. Омекнатиот путер, маслиновото масло, солта, биберот и чилито измешајте ги со исцедениот печен кромид и направете паста. Доколку оваа облога ја подготвите однапред (може да стои во фрижидер со недели), подготовката на самиот запечен багет ќе трае уште помалку.
Исечете го багетот по должина и премачкајте го со печената паста од лук. Посипете со моцарела. Ставете го да се пече на 220 степени 5 до 7 минути.