Печен модар патлиџан е одлично мезе и предјадење кое оди со скара или печено свинско месо.
Потребни состојки:
(за 4 лица)
4 модри домати
Маслиново масло за премачкување
Сол и бибер
Сок од половина лимон
1,5 дл маслиново масло
4 чешниња лук
Козјо сирење
Начин на подготовка:
Исечете 4 парчиња алуминиумска фолија за да замотате модрите патлиџани.
Секое парче премачкајте го со маслиново масло, а на долниот крај на фолијата ставете патлиџан и премачкајте го со масло од сите страни.
Ставете го во тава за печење и повторете ја постапката со преостанатите три.
Печете ги на 200 степени околу 1 час. Додека да се изладат, исчистете го лукот и згмечете го. Додајте масло, сок од лимон, сол и бибер. Извадете ги модрите патлиџани и исечкајте ги на две половини. Ставете ги на чинија за сервирање, а на секоја половина направете вдлабнатина со нож за да се распореди преливот. Повторете ја постапката со сите патлиџани и на крајот додајте рендано козјо сирење.