Пејиќ: „Со Боуви разговаравме за потеклото и за политиката“

Дејвид е задоволен од соработката со Андрај Пејиќ.
„Дејвид Боуви е прекрасен и многу е приземен. Разговаравме за моето српско потекло и повитиката во светот“-рекол Андреј Пејиќ во интервјуто за магазинот „Galore“ зборувајќи за соработката со прочуениот рокер.

„Тој цело време ни се заблагодаруваше за соработката, но верувајте ми тоа не беше она „Не, не, Ви благодарам на вас““- изјавил воодушевениот Пејиќ.
„Покрај тоа, снимав и со Тилда Свинтон. Неможев да поверувам дека воопшто знала кој сум јас и цело време се однесуваше заштитнички кон мене“- рекол Пејќ и додал дека кога би можел да бира за кого следно би снимил спот тоа би било за La Roux.
Тој се осврнал и на својот андроген изглед кој го подзамислил и Дејвид Боуви во текот на кариерата и рекол дека повеќето од пријателите ги освојува со женски род, но тоа многу не му смета.

„Ми се обракаат онака како ме гледаат. Тоа не ми смета и така функционирам. Андрогеноста е дефинитивно дел од мојата кариера, стил и појавување, но тоа не е единственото што ме одредува како човек“-извавил тој.
Тука може да го погледнете видео спотот во за најновата песна на Дејвид Боуви во соработка со Андреј Пејиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: